1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Wirtschaft Nachrichten

21 јануари 2010

„Акутната фаза“ од кризата помина, но се’ уште има хронични слабости, предупредува Светската банка; Обама ќе поведе нова офанзива против големите банки.

https://p.dw.com/p/LcRi
Светска банкаФотографија: ullstein bild - JOKER/Lohmeyer

Светската економија уште со години ќе страда од последиците на кризата на финансиските пазари. „Акутната фаза“ на кризата помина, но и натаму има хронични слабости, предупредува Светската банка во денеска (четврток, 21.01.2010) објавениот извештај за состојбата на светското стопанство. Ако се направат грешки во тајмингот на повлекувањето на обемните програми за стимулирање на економијата, во 2011 може да се закани нова рецесија, оценува Светската банка. Таа прогнозира стопански пораст на светско ниво од 2,7 проценти годинава и 3,2 процента во наредната година.

Кинеското стопанство, со пораст од 8,7 проценти во кризната 2009, останува локомотива на конјунктурата во светот. Стопанството се стабилизира и во последниот квартал на минатата година веќе забележа пораст од 10,7 проценти, соопшти денеска во Пекинг Ма Џијантанг, раководител на државната статистичка служба.

Американскиот претседател Барак Обама ќе поведе нова офанзива против големите банки. Цел на предлозите што тој треба да ги објави во текот на денов е да се спречат банките да влегуваат во преголеми ризици.

Германската влада има намера на 3 мај да организира средба на политичари, истражувачи, претставници на автомобилската индустрија, на лиферантите за таа индустрија, како и на производителите на струја. Цел на тој самит е да се даде поттик на производството и продажбата на автомобили на електричен погон.

Автор: Хенрик Беме/Зоран Јордановски

Редактор: Александра Трајковска