1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ексклузивни места – ексклузивни цени

22 февруари 2006

Фудбалските фанови веќе ги бројат деновите до почетокот на Светското првенство во фудбал во Германија. Додуша првата судиска свирка е дури на 9 јуни, но сите веќе се загреваат, пред се стопанството.

https://p.dw.com/p/AeMb
Едни играат - други гледаат!
Едни играат - други гледаат!Фотографија: dpa

Во овој прилог ќе стане збор за еден раритет кај светските првенства: влезните билети за ексклузивни места. Оној што ќе добие таков на подарок може да се чувствува како крал.

Ексклузивен застапник на ФИФА е Интернешенел Спортс Интертејнмант, кусо ИСЕ, фирма надлежна за најдобите места на стадионите со ексклузивна понуда. А, ексклузивитетот има своја цена. Во врвната категорија, таканаречената Скај-бокс, ложите со 10 до 20 места за 4 групни натпревари, едно четвртфинале и финалето во Берлин, чинат меѓу 156 и 336 илјади евра. Оној пак што ќе успее да стигне до најбарните „Хоспиталити пакети„, може да гледа три натпревари и за илјада и 900 евра.

За правата на продажба на вкупно 346 илјади билети во ложите и за бизнис местата на 12-те стадиони, ИСЕ на ФИФА и плати 175,5 милиони евра. Експертите сметаат дека ќе успее да заработи околу 500 милиони. Портпаролот на ИСЕ Петер Цанади е полн со пофалби за квалитетот на германските стадиони на кои ќе се играат натпреварите од првенството:

„Овие стадиони се најмодерните, најдобрите што постојат во моментов во целиот свет. Има и други одлични стадиони, но 12 во една земја со такви стандарди – супер„!

Што ќе добиваат вип-гостите за толкавите пари? На полувремето: се што можат да си замислат: бифе, десерт и пијалаци. За 346 илјади гости ќе бидат подготвени 320 илјади шишиња изладено вино. За гостите ќе се грижат околу 10 илјади келнери и 8 илјади хостеси. Освен ексклузивната храна, во близина на стадионите се гарантираат паркинзи со сопствен пристап. Овие навивачи не мораат да се грижат ако дува или врне. За нив се подготвуваат специјални шатори. При што не може да се зборува за шатори, вели Шефан Бартош, шеф на фирмата „Де Боер„ која ги гради хоспиталити шаторите на 12-те стадиони:

„Тоа се привремени простории. Зборот шатор не е соодветен за она што го правиме, зашто шаторот потсетува малку на кампување, на Индијанци и слично. Ова се луксузни простории за благороднички гости: мораат да бидат бели и не смеат да наликуваат на шатори. Станува збор за тоа спонзорите на гостите што ќе ги поканат да им обезбедат најголемо можно чувство на благосостојба на кое ќе се сеќаваат целиот живот„.