1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Експертите смирено го гледаат покачувањето на цената на нафтата

24 јули 2006

Ескалацијата на насилствотот на Блсикиот исток предизвика рекордни цени на сировата нафта. Но спортивнона на 1973 година кога првиот шок преку цената на нафтата предизвика рецесија во многу земји, овојпат многу експерти се зачудувачки мирни, кога станува збор за последиците од високите цени на нафтата врз економијата.

https://p.dw.com/p/AeLK
Нафта
НафтаФотографија: AP

Повеќето експерти сметаат дека високата цена на нафтата моментално не претставува опасност за конјуктурата и порастот. Михаел Хајсе, шеф на Алијаnc Групата за Дојче Веле истакна „Се разбира дека претставува оптоварување за целокупната економија, како германската да треба да постои прилагодување на вака високи цени на нафтата. Но мислам дека ова прилагодување по големите покачувања во 2005тат па и оваа година го имаме зад нас. Ако цената на нафтата се стабилизира на 75 долари, тогаш тоа не е елемент кој би можел силно да ја намали конјуктурната динамика.“

И водечките герамснки економски институти во моментов не гледаат причина, да ја корегираат пролетната економска прогноза за годинава поради високите цени на нафтата. Уште тогаш тие сметаа на цена на нафтата од 65 долари за барел. Аксел Ничке шеф на гермаснката индустриска и трговаска комора „И германската индустриска и трговска комора се придржува до оптимистичката прогноза за пораст од два процента за 2006 година.“

Повеќето институти предвидоа едека е можно покачување на цената на нафтата поради огрмноната глад за енергија на брзо растечкиот економски пазар во Источна Азија. Но на ова сега се надополнува уште еден елкемент: факторот ризик поради ситуацијата на Блискиот Исток, кој предизвика огромно зголемување на цената на нафтата, толку многу што некои политичари во Германија веќе предложија да се ослободата стратешките резедрви со нафта. Но двајцата еконосмки ексепрти Хајсе и Ничке не се согласни со ова „Јас не би се сложил да се преземе таков чекор во овие моменти.“ вели Хајсе „Вакво барање мислам дека е погрешно и целосно прерането.“ вели Ничке

И токму германската економија многу добро се снаоѓа со високите цени на нафтата. Имено тие научија, вели Аксел Ничке индустриската и трговска комора „ ... дека дека гермаснките фирми произведуваат сп многу нпомала пупотреба на енегрија отколку во 70 години. Овдека поситивно се исплатат напорите на претпријатијата да ја редуцираат потрошувачката на енергија.“

Поточно кажано германската економија дури профитира од високите цени на нафтата смета шефот на Алијанц Групата Хајсе „Тоа е секундарен ефект како што велиме со задоволство, високите цени на нафтата масовно ги зголемуваат приходите на земјите кои произведуваат нафта и многу земји развиваат голема побараувачка по гермаснки производи, така што делумно профитираме преку патот на експортниот пазар.“

Од овој развој на светскиот пазар во Германија најмногу профитира машинската индустрија.