1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Експлозиите во Загреб - тероризам или аматеризам?

Синиша Богданиќ/ Жана Ацеска12 јануари 2013

Во Загреб оваа недела експлодираа две подметнати експлозивни направи. Додека полицијата тврди дека нема причина за сомнеж за тероризам, воените аналитичари и дел од јавноста не ја исклучуваат таа можност.

https://p.dw.com/p/17Ita
Фотографија: picture-alliance/dpa

Само два дена откако непознато лице подметна експлозивна нарава на пругата во загрепскиот кварт Подсусед, Загреб го потресе нова експлозија. Во ноќта кон петокот на автобуската станица во Алеја Болоња детонација рани едно лице, за среќа, полесно.

Да потсетиме, на минираната пруга, која претставува дел од најфреквентниот хрватски железнички магистрален правец, налета локомотива на товарен воз, а целиот инцидент помина само со мала материјална штета. Ако случајно на мината налеташе патнички воз, со полесна локомотива, последиците можеа да бидат и потешки.

Додека аналитичарите спореа дали минирањето на пругата може да се подведе под тероризам, само на еден километар од местото на првата експлозија, се случи и втора, на автобуска станица. Полсено повреденото лице беше згрижено во болница, а полицијата на улица излезе со т.н. „долги цевки“. Неофицијални извори тврдат дека полицијата привела на информативен разговор 14 лица, додека некои медиуми јавија дека повредениот маж е наводно извршителот.

Hauptstraße Ilica in Zagreber Zentrum
Фотографија: SIPA

Кој е ранетиот?

„Зошто тоа лице се нашло на местото на експлозивот, полицијата допрва треба да утврди“, им изјави на новинарите началникот на загрепската полициска управа Горан Буришиќ, кој ги демантираше медиумските извештаи според кои кај местото на првата експлозија полицијата пронашла уште две направи.

Буриѓиќ ги потврди информациите-полицијата трага по белото комби-возило видено на местото на првата експлозија. Тој наведува-полицијата трага и по белиот автомобил виден кај автобуската станица каде експлодираше втората направа. Сите официјални полициски претставници се единствени во оценката дека нема индиции за терористички напади.

Хрватска нема историја на тероризмот

И военополитичкиот анаитичар Игор Табак пред неколку дена тврдеше дека во случајот со експлозивот поставенна пругата исклучува можност за тероризам, но сега за Дојче веле истакнува-на пат е да го промени мислењето:

„Првиот напад изгледаше мал, незначаен, релативно аматерски. Беше гаѓана цел која сама по себе нема големо значење, на место кое само по себе не значајно и во доба на ноќта кога таму нема никој, па тоа оставаше можности за други мотиви. Другиот ваков напад ја компликува сликата“, вели Табак, додавајќи дека во случај на дополнителни експлозии, треба да се размислува за поширок контекст.

Polizei in Zagreb
Фотографија: DW / Subic

Подметнатите експлозиви во Хрватска главно се врзуваат за пресметки во т.н. подземје, а за тероризам до пред две дена не се размислуваше. Нашиот соговорник потсетува за неколкуте „терористички моменти“ во Хрватска во средината на 90-те години, но и дека тоа поглавје е прилично темелно затворено:

„Тоа беше во времето во кое низ БиХ поминуваше ’кремот’ на светскиот радикален исламизам. Потоа се случуваа инциденти кои имаа белег на радикално десно милје, но тоа никогаш не беше недвосмислено утврдено и не доведе до јасно процесуирање“, заклучува аналитичарот, објаснувајќи дека се работи за спорадични настани кои не се вклопуваат во поширока и кохерентна слика.

Хрватска нема традиција на вооружено делување против државата и системот и тоа би била нова појава на овие простори.

„Со оглед на економската криза и тензиите меѓу левицата и десницата, појавата на таков отпор не е целосно незамислива, но би претставувала прилично застранување од досегашните обрасци“, заклучува воениот аналитичар Игор Табак.