1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Експлозија во близина на српски манастир на Косово

30 март 2007
https://p.dw.com/p/AgIi

Силна експлозија одекна во близина на српскиот манастир на Косово, Високи Дечани. Не се познати причините, нема повредени а не е причинета ниту материјална штета. Експлозијата која се случила рано утринава, според монасите е од граната испалена од ридот над манастирот. КФОР го обезбедува теренот и веќе започнал потрага по напаѓачите. Косовската полиција соопшти дека нема информација дека бил нападнат манастирот. На манастирот Високи Дечани неколкупати досега биле палени гранати. Последен пат за време на немирите во 2004 година.