1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Експлозија во воена база кај Техеран

12 ноември 2011

Најмалку 27 војници загинаа, а неколку се ранети во силната експлозија во склад за оружје на воена база блиску до иранската престолнина Техеран, соопшти елитниот Корпус на Републиканската гарда на исламската револуција.

https://p.dw.com/p/139hN
Фотографија: ISNA

Експлозијата се случила додека муниција се преместувала од еден во друг арсенал на базата, посочи портпаролот на корпусот, според кого состојбата на некои од ранетите е критична.

Експлозијата била почуствувана на најмалку 45 километри оддалеченост од местото. Револуционерните гардисти претходно посочија дека околу пладне експлодирал склад за муниција во база во Бидгане, блиску до градот Караџ.

Пред тоа, западни агенции соопштија дека експлозијата е на територија на воената база „Шахриар“, на Корпусот на гардистите, разместена во Малард, западно предградие на Техеран.

Ирански пратеник за западните агенции изјави дека станува збор за две експлозии, избувнати речиси истовремено во склад за муниција во воената база.

Нема информација дека експлозијата е предизвикана од воздушен или друг напад.

Автор: ЖА/ЕМФ/миа/дпа

Редактор: Е.М. Фиданоска