1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Експлозија на автомобил бомба во Турција

БГ/дпа/ртр21 август 2012

Најмалку девет луѓе загинаа во нападот во градот Газијантеп, а повеќе од 70 се повредени. Властите ги обвинуваат курдските бунтовници.

https://p.dw.com/p/15tRL
Фотографија: dapd

Најмалку девет луѓе, меѓу нив четири деца, загинаа во експлозија на автомобил бомба во турскиот град Газијантеп, на границата со Сирија. Властите соопштија дека бомбата била далечински активирана, а досега никој не ја презеде одговорноста за нападот, кој се случува во мнозински курдски регион. Повеќе од 60 луѓе биле повредени во експлозијата. Локалните политичари за нападот ги обвинија курдските бунтовници, кои наводно уживаат поддршка од режимот во Сирија.

Деновиве во Газијантеп турските власти отворија хуманитарен камп за прием на бегалците од Сирија.

Судирите меѓу турските сили за безбедност и курдските бунтовници кои на југоистокот на Турција се борат за автономија се во пораст последниве недели.

Во одвоен инцидент, двајца турски војници вчера загинаа во експлозија на мина, на југоистокот на земјата, во делот на границата кон Ирак, кој исто така е со мнозинско курдско население.