1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Експлозија на бомба во Баскија-двајца повредени

24 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BXSI

Во експлозија на бомба што се случи денеска пред една полициска станица во градот Дуранго во шпанската покраина Баскија, повредени се двајца полицајци . Локалните власти соопштија дека бомбата била поставена во едно возило за достава кое било паркирано пред станицата . Се претпоставува дека зад нападот стои баскиската сепаратистичка група ЕТА. Во јуни таа го прекина само прогласениот прекин на огнот кој траеше 15 месеци.