1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Екстремистите го торпедираат примирјето на Блискиот исток

26 ноември 2006

Исламски Џихад како и вооруженото крило на Хамас утрово најавија дека ќе ги продолжат ракетирањата врз Израел.

https://p.dw.com/p/Ac1P
Израелските војници по повлекувањето од Газа
Израелските војници по повлекувањето од ГазаФотографија: AP

И покрај само пред неколку часа постигнатото примирје со Израел,палестинските екстремисти денеска ги продолжија ракетните напади од појасот на Газа.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас му наредил на шефот на безбедносните сили да го одржи договореното примирје,но дали и со сила,не е јасно.

Израелската армија инаку ги повлече своите војници од појасот на Газа.Чекорот следеше откако беше постигнат договор за прекин на огнот меѓу Палестинците и Израел. Израелскиот премиер Ехуд Олмерт и палестинскиот претседател Махмуд Абас доцна синоќа,а рано утрово по средноевропско време, телефонски постигнале договор за прекин на меѓусебните насилства. Според израелски извори,палестинските организации одлучиле да прекинат со напади врз Израел,со изградбата на тунелот меѓу Египет и појасот на Газа,кој служи за криумчарење оружје и да престанат самоубиствените напади.Абас зборувал од името на сите вооружени групи,Хамас,Исламски Џихад,Ал Акса бригадите на Фатах и Ослободителниот комитет.Олмерт одржал консултации со неговиот кабинет и му соопштил на Абас дека Израел ќе ја заврши операцијата во појасот на Газа,а подоцна израелската армија се повлече од оваа територија.

Ако примирјето потрае,треба да дојде и до средба меѓу Абас и Олмерт.

Според палестински извори,договорот за прекин на операциите кон Израел од страна на воените палестински групи е единствен од ваков вид.Во петокот палестинскиот владин портпарол Хамед му понуди примирје на Израел:

-Ако Израел сака вистинско примирје и вистински прекин на огнот,мора да прекине со насилството против нашиот народ во појасот на Газа и на Западниот брег.Дури потоа постои шанса за примирје во Газа и на Западниот брег.

Од израелски воени извори подоцна беше соопштено дека понудата за примирје од палестинските вооружени групи е последица на најновите воени операции на израелската војска во појасот на Газа.

Во текот на изминатите три дена беа убиени 25 вооружени лица,ова им покажа на организациите дека ги губат борците и можат да направат само мали напредоци.Махмуд Абас беше разлутен поради израелските воени операции.Милитантите постојано го користат Израел како изговор за нови напади со Касам ракети,изјави Абас во четвртокот:

-Израелската агресија на мое жалење продолжува ,а тоа мора да прекине.Јас разговарав со палестинските групи за примирје и се надевам дека ќе дојде до резултат,изјави тогаш Абас.

По денешното прекршување на примирјето од страна на палестинските екстремисти,пак израелската министерка за надворешни работи Ципи Ливни не сака да ја загуби надежта.Ова треба да го гледаме како почеток на шанса.Се наоѓаме во првите часови на еден процес,сеуште е рано да се донесуваат оценки,изјави таа за армиското радио.Портпаролот на палестинската влада Гаси Хамад исто со ветувачки зборови:

Ние сме обврзани со договорот,ќе разговараме со одделните групи.