1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Екстремни левичари презедоа одговорност за убиството на неонацистите на Златна зора

ЕМФ/ард/дв17 ноември 2013

Две недели по убиството на двајца членови на грчката неонацистичка партија Златна зора, досега непозната група ја презеде одговорноста за нападот. Таа најавува натамошни напади.

https://p.dw.com/p/1AJ03
Фотографија: AFP/Getty Images

Антитерористичката единица на грчката полиција за агенцијата Асошиејтед прес соопшти дека се испитува писмото со кое се презема одговорност за убиството. Групата која стои зад нападот се нарекува „Борбени револуционерни народни сили“ и тврди дека убиството е одмазда за убиството на музичарот Павлос Фисас. Во писмото на 18 страници, испратено до еден весник, групата најавува натамошно насилство против членовите и поддржувачите на Златна зора.

Во нападот што се случи во Атина на почетокот на ноември, беа убиени двајца активисти на Златна зора, а трето лице беше тешко поведено. Двајцата напаѓачи отвориле оган кога со мотоцикл минувале покрај партиската централа на Златна зора, по што побегнале. Златна зора тогаш издаде две соопштенија, обвинувајќи ги „терористите“, „анти- грчката Влада на Самарас“ и „лично“ министерот за јавен ред Никос Дендијас за смртта на своите членови. Екстремистичката партија тврди дека побарала полицијата да ги заштити нивните партиски канцеларии. Полициската заштита на Златна зора и‘ беше укината во септември, по убиството на раперот Павлос Фисас, кога нејзиниот лидер Никос Михалолијакос и неколку пратеници беа обвинети дека се членови на криминална организација.

Инаку, според најновата анкета објавена во весникот „Прото Тема“, по убиството на двајцата неонацисти поддршката за Златна зора се зголемила на 8,8%. Пред еден месец партијата имаше поддршка од 6,6%, а во јуни 10,8%.