1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Екс-премиерот Шариф ќе му биде противкандидат на Мушарав за претседател на Пакистан

24 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BXSJ

Поранешниот пакистански премиер Наваз Шариф, кој седум години живее во егзил во Саудиска Арабија ја потврди својата намера на претстојните претседателски избори во земјата да настапи како против кандидат на актуелниот претседател Первез Мушарав. Шриф денеска во Лондон изјави дека Мушараф е дикататор и исклучи каква било соработка со него. Врховниот Суд на Пакистан вчера донесе одлука дека Шариф смее да се врати во земјата и да учествува на изборите . Тој беше соборен власт од страна на Мушараф во 1999 година.