1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕК го критикува поскапувањето на млекото во Германија

4 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BPxF

Европската комисија ги критикува големите зголемувања на цените на млечните производи во Германија.Овој развој нема никаква оправданост од аспект на целокупното снабдување во ЕУ,изјави комесарката за земјоделство Мариан Фишер Боел за весникот Билд ам зонтаг.Премиерот на покраината Баварија Едмунд Штојбер побара интервенција од службата за борба против картелите.Во продавниците во цела Германија путерот и млечните производи минатата недела значително поскапеа,за средината наавгуст е најавено зголемување на цените за 50 проценти.