1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕК: Договорот од 1. март - услов за дијалогот ЕУ - Македонија

ЖА/миа10 јануари 2014

Усвојување на препораките од политичкиот договор од 1 март минатата година и дефинитивно се услов за Европската комисија да продолжи со Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД) со Република Македонија.

https://p.dw.com/p/1AopE
Фотографија: European Commission

Она што во соопштението по средбата на еврокомесарот за проширување Штефан Филе со претседателот на опозициската СДСМ, Зоран Заев, Комисијата го посочи во соопштението, денеска во изјава за МИА го потврдува и портпаролот на ЕК, Петар Стано.

Според Стано, она што Филе му го кажал на Заев на нивната средба на 07.01. а беше цитирано во соопштението на ЕК, е дека „кога имплементацијата на мартовскиот договор ќе продолжи, Комисијата е подготвена да го поддржи реформскиот процес преку ХЛАД-от, под услов властите да останат посветени на спроведувањето на реформите и продолжат со подобрување на добрососедските односи”.

„Мислам дека тоа појаснува се‘“, дециден е гласноговорникот на Еврокомисијата.

На прашањето како е можно за Македонија да е услов имплементација на точките од политички договор за да продолжи со Пристапниот дијалог со Европската унија, додека за Босна и Херцаговина, каде владее целосен политички хаос, тоа не е случај и идната недела комесарот Филе дури и ќе го посети Сараево, портпаролот на комесарот за проширување со одговор - дека има две поенти што се многу важни.

Според Стано, во процесот на проширување не може да се споредуваат земјите.

„Секоја земја е специфична и има сопствени услови, па не може да се каже што правиме за едни, мора и за други, односно што се случува во некоја земја, а е поврзано со процесот на пристапување. Одбивам секаква споредба меѓу земјите- кандидати и земјите-аспиранти што се нашето портфолио“, истакна Стано.

Гласноговорникот на Филе вели дека условот е јасен за Македонија.

„Кога станува збор за пристапниот процес, изминатите пет години ние препорачуваме почеток на пристапните преговори. А, постои и јазик на земјите-членки од заклучоците на декемврискиот Самит и ќе ве упатам на тоа, каде Пристапниот дијалог исто така е споменат. Сепак, кога станува збор за овој цитат на комесарот Филе, мислам дека нема потреба да давам други толкувања, цитатот е јасен и може само уште еднаш да го прочитам. Но, јасно е дека кога имплементацијата ќе продолжи, Комисијата е подготвена да го поддржи реформскиот процес преку ХЛАД-от, под услов властите да останат посветени на спроведувањето на реформите и продолжат со подобрување на добрососедските односи“, дециден е Петар Стано.