1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕК планира казни за автопроизводителите

24 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CSjg

Европската комисија планира да воведе парични казни за автопроизводителите кои нема да ги почитуваат мерите за заштита на климата. Во спротивно целиот систем нема да биде веродостоен, изјави претседателот на комисијата Жозе Мануел Барозо за весникот „Билд ам Зонтаг„. Тој најави дека комисијата ќе го објави концептот пред Божик. Според тоа новите возила во Европа од 2012 година во просек не треба да испуштаат повеќе од 120 грама јаглерод диоксид по километар. Барозо изрази симпатии за иницијативите за воведување ограничување на брзината на германските автопатишта.