1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Еленовски во Брисел

Валентин Николовски11 јануари 2007

Македонскиот министер за одбрана, Лазар Еленовски, попладнево има разговор со генералниот секрета на НАТО, Јаап Де Хоп Шефер на која треба да стане збор и за политичкиот дијалог во Македонија и за аферата со нелегалниот транспорт на оружје. Еленовски веќе имаше средби со амбасадори на четири земји во НАТО.

https://p.dw.com/p/Ada2
Логото на НАТО
Логото на НАТО

Политичките процеси во регионот, односно решавањето на статусот на Косово, проширувањето на Партнерството за мир со Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина и односите на Македонија со Грција, беа главни теми во разговорите на македонскиот министер за одбрана, Лазар Еленовски со амбасадорите во НАТО на Белгија, Холандија, Естонија и Словенија. Амбасадорите пројавиле посебен интерес за македонскиот став околу статусот на Косово. Ним од страна на министерот Еленовски им е пренесен веќе познатиот став на Македонија дека ќе се почитува секое решение што ќе биде договорено меѓу Белград и Приштина и прифатено од меѓународната заедница. Во тој контекст од исклучително значење е засилување на регионалната соработка, поради што оваа посета на Брисел на макеоднскиот министер за одбрана всушност претставува заокружување на серијата контакти со Грција и трите земји што во Рига влегоа во Партнерството за мир.

Одбранбените реформи беа помалку застапени во агендата на разговорите во Брисел, бидејќи се одвиваат според Акциониот план за членство. Во тој контекст, Македонија до крајот на 2009 година треба да развие среден пешадиски баталјон, но и да ангажира 20% од своите капацитети во меѓународни мисии. Овој баталјон треба да биде главната база од која ќе се извршуваат меѓународните обврски на македонската армија. Еленовски на разговорите потенцирал дека Македонија ќе го продолжи своето учество во мисиите во Ирак и Авганистан, иако Грција најави повлекување на својата болница од оваа Авганистан.