1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Еленовски во Брисел

19 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CJB0

Македонскиот министер за одбрана Лазар Еленовски денеска во Брисел доби порака дека политичкиот дијалог и конструктивниот став во спорот за името со Грција се двете клучни барања за евроатлантската иднина на земјата. Еленовски разговараше со амбасадорите на Германија и Холандија во НАТО, Ѕлрих Бранденбург и Херман Шапер. Попладнево на состанокот со ЕУ тројката од областа на одбраната тој ќе го презентира напредокот на Македонија во делот на Европската безбедносна и одбрамбена политика, во рамките на евроатланските напори на земјата.