1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Елизабета Јанкуловска- нова директорка на „Охридско лето“

13 март 2012

Македонското министерство за култура информира дека на конкурсот за избор на директор на Националната установа „Охридско лето“ за функцијата е избрана Елизабета Јанкуловска.

https://p.dw.com/p/14Jzw
Фотографија: Ohridsko leto

Елизабета Јанкуловска е новиот директор на најпрестижната музичко-сценска манифестација во земјата, Националната Установа „Охридско лето“.

Македонското министерство за култура денеска (13.02.2012) соопшти дека врз основа на предлогот од конкурсната комисија, ресорната министерката Елизабета Канческа Милевска одлучила дека Елизабета Јанкуловска ги исполнува општите и посебните услови утврдени со конкурсот, а во согласност со доставената програма за работа и развој на установата за периодот 2011 до 2015 година, поседува стручни и професионални квалитети за извршување на оваа значајна функција.

„ Програмата на кандидатот е конципирана во неколку дела кои детално се објаснети поединечно. Она што го издвојува овој кандидат од останатите е донесување на стратегија за работа и развој на установата во периодот 2012-2016-та година. Ова укажува на сериозноста на кандидатот, на тенденцијата долгорочно и темелно да се води установата и да се планира нејзиното работење. Од доставената програма јасно се гледа високата професионалност во работењето, способноста за менаџирање и управување во културата, темелност во познавање на состојбите, добиена врз основа на долгогодишната активност во институциите од областа на културата”, се наведува во соопштението на министерството.

На конкурсот за избор на директор на „Охридско лето“ бил пријавени шестмина кандидати, од кои само тројца ги исполнуваа критериумите наведени во конкурсот.

Автор:СН/ЖА/миа/макфакс

Редактор: Жана Ацеска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема