1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Елфриде Јелинек

7 октомври 2004

Австриската писателка на романи и драми Елфриде Јелинек е доботник на годинашанава Нобелова награда за литература. Ова денеска го соопшти шведската академија во Стокхолм.

https://p.dw.com/p/AeVD
Елфриде Јелинек-Нобелова награда за литература за 2004
Елфриде Јелинек-Нобелова награда за литература за 2004Фотографија: dpa Zentralbild

Нејзиниот живот и работа ги одбележуваат провокации и отпор. Јелинек наградата ја доби поради “музикалната река од гласови и противгласови во нејзините дела“ се вели во образложението.

Сексуалноста и насилството се постојани теми во трудовите на Јелинек, а во центарот на нејзините романи и драмски дела се моќта и владеењето во односите меѓу мажот и жената:

“Сексуално мажите им се испорачани на жените на неверојатен начин. Цената за тоа е што тие во војни масовно ги силуваат. Верувам дека за тоа жените често имаат методи што преку одбивање ги доведуваат мажите до лудило“.

“Феминистка“ и “комунистка“ се печатите што ги носи Јелинек во Австрија. Таа важи за непријатна и спорна. Нејзиниот однос со татковината е тежок и со обострана љубовна омраза. А, зошто е спорна:

“Сметам дека е скандалозно некој да биде критикуван зашто ги опишал работите какви што биле, а не оној што ги направил“. Стана славна со романите “Задоволство“ и “Клавиристка“, а драмите како “Бодежи, стап и прачка“ и го отворија патот кон големо признание на просторот на германското говорно подрачје. Смета дека нејзините идеали – комунизмот и феминизмот се мртви. Нејзино убедување, преку стекнатите искуства, е дека преку уметноста не може ништо да се постигне. Но, сепак ќе продолжи да го користи зборот.