1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ел Масри бил во право

ЗЈ/ миа15 мај 2012

Во Европскиот суд за човекови права утре ќе има јавна расправа за случајот со Калед ел Масри. „Дејли телеграф“ пишува дека поранешен македонски министер открил дека Ел Масри бил задржан во Скопје на барање на ЦИА.

https://p.dw.com/p/14vtu
Фотографија: AP

Поранешен македонски министер наводно е „главен сведок“ во случајот на германскиот државјанин од либанско потекло Калед ел Масри пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Неименуваниот министер признал дека Ел Масри бил задржан во Скопје на барање на американската тајна служба ЦИА, известува британскиот весник „Дејли телеграф“. Македонските власти побарале од Американците да го земат, инаку ќе мора да биде пуштен на слобода. Потоа со авион на ЦИА, во рамките на нелегалното постапување со осомничени за тероризам, Ел Масри од Скопје преку Багдад бил префрлен во Авганистан, пренесува агенцијата МИА. „Дејли телеграф“ напоменува дека македонската влада отсекогаш негира дека им го предала Ел Масри на оперативците на ЦИА.

Калед ел Масри вели дека САД никогаш не му се извиниле, а дека во 2006 година еден американски суд го отфрлил неговиот случај. Но, поранешниот американски државен секретар Кондолиза Рајс има потврдено дека станува збор за грешка во идентитетот. Човек со исто име и презиме постои во досието на САД меѓу луѓето кои се осомничени дека биле дел од заговорот за терористичкиот напад од 11 септември 2001 година.