1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ендевор ќе остане во вселената подолго од планираното

13 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BTYy

Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека мисијата на шатлот Ендевор ќе биде продолжена за уште три дена. Ендевор кој се наоѓа на меѓународната вселенска станица, наместо на 19 август, ќе се врати на земјата на 22 август. Од НАСА соопштија дека дополнителниот период е неопходен заради поправка на дефектот на надворешниот резервоар, кој настанал при полетувањето.