1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Енергетски самит

Сабине Кинкарц10 октомври 2006

Енергијата во Германија во иднина мора да се троши поштедливо. Ова е согласноста постигната на вториот Национален енергетски самит одржан вчера во Берлин.

https://p.dw.com/p/AeKg
Фотографија: AP

Германската канцеларка, Ангела Меркел, оцени дека енергетскиот самит бил кооперативен и конструктивен. Политички израз за тоа дека 30-те учесници на самитот од политиката, економијата, синдикатите и потрошувачките здруженија не биле на исто мислење: “На вакви разговори за енергијата нема табу теми, но има сфери каде ставовите се различни, што е предизвикано и од природата на проблемот.“

Една сфера е атомската енергија. Делови од унијата и производители на струја во меѓувреме ја ставаат под знак прашалник намерата за откажување од атомска енергија, на што инсистираат социјалдемократите, а концернот РВЕ токму сега склучи договор за продолжување на работата на хесенската централа Библис А. Меркел вели дека и натаму ќе се остане на договорот во коалицијата по ова прашање: “Атомската енергија има се поголемо значење во меѓународни рамки, но од друга страна имаме коалиционен договор кон кој се придржуваме, независно од различните ставови по ова прашање.“

Германскиот министер за екологија, Зигмар Габриел, нагласи дека она по што е постигнато единство на стопанството и потрошувачите е двојно зголемување на енергетското производство до 2020 година и во иднина – значително поштедливо трошење на енергијата. Ефикаснмото трошење на енергијата ќе биде и тема на самитот на групата осум кој ќе се одржи за време на германското претседателство со ЕУ.

Наредната година ќе се одржи третиот и последен енергетски самит. Од трите самити треба да се подготви национален енергетски концепт. Дали до него и навистина ќе се дојде, со оглед на спротивставените мислења, ќе покаже времето.