1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Енциклопедиски“ кавги

20 септември 2009

Од централен културен научен настан, неодамна издадената двотомна Македонска енциклопедија стана повод за жестоки политички критики на дел од научната јавност во албанската етничка заедница во Македонија.

https://p.dw.com/p/JkqD
На удар на критиката-екциклопедијата на МАНУФотографија: Petr Stojanovski

Одредницата со која Албанците се именувани и како „Шиптари“, односно „планинци“ и дека не се автохтон народ на територијата на Македонија, туку дојденци по 16 век, го предизвика партискиот гнев и револт.

„Барам јавно извинување од авторите и од Академијата што даде искривени податоци, што го навреди албанскиот народ, и се разбира, што ги навреди сите граѓани на Македонија“, изјави лидерот на Нова демократија,Имер Селмани, еден од оние кои реагираа. ДПА побара тројцата академици Албанци, да ја напуштат МАНУ.

Некои констатции во Македонската енциклопедија го навлекоа и гневот и на амбасадите на САД и Велика Британија, особено текстот дека специјални воено известителни служби на овие земји учествувале во обуката на екс-припадниците на ОНА, за време на воениот конфликт во Македонија во 2001 година.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Жана Ацеска