1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Енциклопедиски проект - втор обид

11 јануари 2010

Македонската Академија на Науки и Уметности денеска (11.01.2010) треба да упати писмени покани до универзитетите во земјата да номинираат експерти за новата редакција на Македонската енциклопедија.

https://p.dw.com/p/LQGt
Фотографија: Petr Stojanovski

Главна цел на новата редакција треба да биде промена на некои од одредниците на енциклопедијата кои предизвикаа етнички тензии во земјата. Претседателот на МАНУ, Георги Старделов изрази надеж дека албанските научници нема да го бојкотираат вториот обид за составување на енциклопедијата.