1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Епл продаде пет милиони Ајфон5 за три дена

ЕМФ/ртр24 септември 2012

Пет милиони продадени Ајфон5 на Епл за само три дена - концернот си го урна сопствениот рекорд поставен со Ајфон4.

https://p.dw.com/p/16DQK
Фотографија: picture-alliance/dpa

Епл денеска (24.09) соопшти дека пет милиони апарати Ајфон5 се продале во првите три дена од продажбата, што значи уривање на рекордот што Епл го држеше со Ајфон4, кога за една недела по појавувањето на пазарот, беа продадени четири милиони апарати. Пред продавниците на Епл во Калифорнија во петокот (21.09) имаше долги редици купувачи кои чекаа на новите смартфони. Ајфон5 беше бестселер уште пред да почне продажбата. Нарачките за смартфонот, и покрај цената од 679 евра, беа двојно повеќе отколку за неговиот претходник. Само во првите 24 часа од почетокот на примање на нарачките од страна на американскиот концерн, Епл имаше веќе два милиона резервации за Ајфон5. Аналитичарите претпоставуваат дека до крајот на септември ќе бидат продадени десет милиони апарати.