1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕРБАС – прототип

18 јануари 2005

Денеска во Тулуз ќе биде претставен прототипот на идниот најголем патнички авион во светот Ербас А-380. Двокатниот авион е конципиран за 555 патници.

https://p.dw.com/p/AcI7
Нов џин на небото: Ербас А380 за 555 патници
Нов џин на небото: Ербас А380 за 555 патнициФотографија: Airbus S.A.S. 2005

14 компании веќе нарачаа 149 авиони од овој тип, а на првото место со 45 е авио-компанијата на Емиратите, додека германската Луфтханза нарача 15, од кои првиот ќе биде добиен во 2007 година.

За економичноста и предностите на оваа огормна машина, претстваникот на Луфтханза Клаус Валтер изјави:

“Од една страна е конкурентската предност, од друга е атрактивноста за партнерските линии во Европа, посебно за оние што не сакаат или не можат да инвестираат поради малото присуство на пазарот. За таквите авио-компании и нивните патници ова е посебно атрактивно“.

Хенри Хаселбарт, регионален менаџер на Емиратс Ерлајнс:

“Комфорот на авионот, нови седишта, подобра технологија, подобри системи за забава и така натаму – се е ново.Воопшто не е едноствно да се направи нов авион, а овој е сосема нов, во секој поглед“.

Инаку, на денешната манифестација на претставувањето на прототипот на Ербас А-380 ќе присуствуваат и францускиот претседател Жак Ширак, како и германскиот канцелар Герхард Шредер. За значењето на заедничкиот европски проект во интервју за втората германска ТВ програма, евро-комесарот Гинтер Ферхојген изјави:

“Се покажува дека Европа може се кога сака. Тоа е сосема нова технологија за жешкиот светски пазар. Тоа што токму европска фирма станува светски лиер, како технолошки така и економски, покажува дека ние Европејците немаме никаква причина да ги потценуваме нашите способности“.