1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ердоган – Германија – ЕУ

15 април 2007
https://p.dw.com/p/AgDm

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека е разочаран од германското претседателство со ЕУ. Очекував повеќе од Германија, нагласува Ердоган во интервју за неделникот „Шпигел„. Тој исто така го оценува како голема грешка тоа што Турција не беше поканета на празнувањата во Берлин по повод 50-годишнината од потпишувањето на Римските договори. Ердоган денеска патува за Германија, каде покрај официјалните разговори вечерва заедно со канцеларката Ангела Меркел ќе го отвори Индустрискиот саем во Хановер. Турција е годинава земја во фокусот на најголемата саемска манифестација во светот од овој вид.