1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ердоган го обвини Малики за насилството

БГ/ап20 април 2012

Во вчерашната серија бомбашки напади во Ирак загинаа најмалку 30 луѓе. Турскиот премиер Ердоган смета дека вината е кај неговиот ирачки колега.

https://p.dw.com/p/14i5h
Фотографија: picture-alliance/dpa

Во серијата бомбашки напади во 10 ирачки градови, кои беа изведени во текот на вчерашниот ден, животите ги загубија најмалку 30 луѓе, а повеќе од 100 се повредени. Бунтовниците извеле 14 напади, од кои најголемиот дел биле насочени кон безбедносните сили во главниот град Багдад. Во останатите, најчеста мета на напади биле шиитски квартови.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган го обвини ирачкиот колега Нури ал Малики дека ги поттикнува тензиите меѓу шиитите, сунитите и Kурдите во Ирак.

„Ситуацијата во Ирак не изгледа добро, посебно однесувањето на ирачкиот премиер и неговите коалициски партнери, изјави Ердоган на синоќешната прес-конференција во Истанбул по средбата со ирачкиот лидер на Курдите Масуд Барзани.

Ердоган истакна дека Малики со неговото „егоцентрично однесување сериозно ги збунува шиитските групи, Барзани и сунитските групи“.

Малики е Шиит и е на чело на ирачката коалиција во која учествуваат Сунити и Курди.