1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ердоган доаѓа во посета на Германија

15 април 2007
https://p.dw.com/p/AgDf

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган е разочаран од германското претседателство со ЕУ. Очекував повеќе од Германија, нагласува Ердоган во интервју за неделникот “Шпигел”. Според него било голема грешка што Турција не беше поканета на празнувањата во Берлин по повод 50-годишнината од потпишувањето на Римските договори.

Ердоган денеска доаѓа во Германија. Покрај официјалните разговори, вечерва тој заедно со канцеларот Ангела Меркел ќе го отвори Индустрискиот саем во Хановер. Турција е годинава земја во фокусот на најголемата саемска манифестација од овој вид во светот.