1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ернст Велтеке пред оставка

7 април 2004

Франкфуртскиот државен обвинител наложи истражна постапка против претседателот на германската сојузна банка Ернст Велтеке

https://p.dw.com/p/AeRf
Пртеседателот на Сојузната банка Ернст велтеке
Пртеседателот на Сојузната банка Ернст велтекеФотографија: AP

Постои почетно сомневање во врска со спорниот престој на Велтеке во берлинскиот хотел Адлон за време на пречекот на 2001 година за четири ноќевања на Велтеке, неговата сопруга и двата сина. Трошоците во износ од 7 илјади 662 евра ги презела Дрезднер банката што се смета за злоупотреба на позицијата.

Германската сојузна банка е централна банка на државата во рамките на европскиот систем. Таа е надлежна за издавањето банкноти и им става на располагање средства на другите банки со посебни услови. Освен тоа, таа управува со германските монетарни и резервите од злато. Политички е независна. Управниот одбор на сојузната банка има претседател, потпретседател и шестмина менаџери. Ернст Велтеке ја води банката од 1999 година и е член на 17-члениот совет на Европската централна банка. Аферата ја откри неделникот “Шпигел“, а Велтеке најнапред негираше дека направил прекршок, за потоа да плати половина од сумата за престојот на неговото семејство во репрезентативниот берлински хотел “Адлон“. И покрај најавената истрага, тој засега нема намера да поднесе оставка, како што изјави синоќа во интервју за првиот канал на германската телевизија АРД:

“Засега не гледам причина да поднесам оставка. Ќе ги сочекам резултатите на Управниот одбор, како и од истрагата на државниот обвинител, а секако и информациите на медиумите во наредните денови и тогаш ќе оценам кој ќе биде мојот нареден чекор“.

Управниот одбор на централната банка денеска ќе расправа за иднината на Велтеке. Во меѓувреме весникот “Билд“ известува дека Велтеке ќе треба да објасни најмалку уште едно платено патување. Станува збор за повеќедневен престој во Виена за што трошоците ги презела една австриска банка.