1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ескалација на насилствата во Ирак

БГ/миа2 август 2012

Експертите стравуваат дека насилството, кое има допирни точки и со судирите во Сирија, може да се прошири на целиот регион на Блискиот Исток.

https://p.dw.com/p/15iMj
Фотографија: Reuters

Минатиот месец во напади во Ирак биле убиени најмалку 325, а повредени 697 лица, што го вброи во најкрвавиот месец за последните две години во земјата. 

„Зад ваквите ескалации на насилството стојат политички, поврзани со безбедноста и стратегиски причини, а последните имаат поврзаност со сирискиот конфликт, кој и даде нови можности на Ал Каеда за префрлање од Ирак во Сирија, објасни ирачкиот експерт за безбедносни прашања и стратегија Али ал Хајдари. Тој истакна дека политичката конфронтација во Ирак негативно влијае на безбедноста и економијата.

Во текот на изминатиот месец во Ирак загинале вкупно 325 луѓе, од кои 241 цивил, 40 полицајци и 44 војници. Повредени се 697 лица, меѓу кои 480 цивили, 122 полицајци и 95 војници, покажуваат податоците на министерствата за здравство, за внатрешни работи и за одбрана.

Минатиот месец во 27 од вкупно 31 ден биле извршени напади. Најкрвав ден бил 23 јули, кога се извршени 29 напади во 19 ирачки градови со вкупно 113 жртви и околу 260 повредени.

БГ/миа

С. Недевски