1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ескалација на судирите во Њујорк

18 ноември 2011

Ескалација на протестите против моќта на Вол Стрит во Њујорк. Полицијата ги нападна демонстрантите и уапси повеќе од 170 луѓе. Протести имаше и низ други американски градови, но и во Европа.

https://p.dw.com/p/13Crq
Судири на полицијата со демонстрантитеФотографија: dapd

„Затворете го Вол Стрит“, извикуваа демонстрантите. Во најмала рака тие сакаат да ја блокираат њујоршката берза, но полицијата го спречува тоа - со сета сила. Дојде до жестоки пресметки, има и повредени. Речиси 200 демонстранти беа уапсени.

„Бруталност“, така оваа жена го коментира однесувањето на властите. Но и покрај тоа, членовите на движењето „Окупирај го Вол Стрит“ не се предаваат.

„Тие можат да ги апсат луѓето, но не можат да ја уапсат идејата“, вели еден демонстрант.

„Одиме на Блискиот исток и таму божем ја шириме демократијата, а нашата влада ја гуши демократијата овде. Колку е тоа лицемерно?“, се прашуваат демонстрантите.

Occupy Wall Street Protest nach Räumung in New York
Од протестите во ЊујоркФотографија: dapd

И низ другите градови, како во Лос Анџелес, стотици луѓе протестираат против моќта на банките, за повеќе социјална правда. Полицијата уапси повеќе од 20 луѓе. Да ги одбранат своите позиции, тоа го сакаат членовите на движењето и во Европа.

Во Лондон тие го отфрлија барањето на властите да го растурат собирот пред катедралата Сент Пол до четврток. Сега на демонстрантите им се заканува судење. Ткн. Ден на акцијата со кој почнаа протестите пред два месеци сега се претвори во ден за мерење на силата.

Автор: Беате Томсен/Борис Георгиевски

Редактор: Симе Недевски

Овој прилог можете да го погледнете и како видео на денот на нашата интернет страница.