1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ескалира островскиот спор меѓу Јапонија и соседите

ЖА/дв/макфакс15 август 2012

Новите тензии меѓу Кина и Јужна Кореја во Јапонија ја засенија годишнината од капитулацијата во Втората светска војна. Јапонската полиција уапси активисти од Хонгконг.

https://p.dw.com/p/15pzW
Фотографија: Kyodo News/AP/dapd

Меѓу Јапонија, Народна Република Кина и Јужна Кореја редовно доаѓа до конфликти поради военото минато на јапонското царство и ривалските претензии врз малите острови во Пацификот. На годишнината од капитулацијата на Јапонија во Втората светска војна на 15. август 1945. година спорот ескалира.

Јапонската полиција уапси пет луѓе на еден од островите во Источнокинеското Море за кои спорат Токио и Пекинг. Петтемина активисти дошле од Хонгконг за да поддржат кинески претензии врз островите нарекувани од Јапонците како Сенкаку, а од Кинезите Дјаојуи. Апсењата биле извршени од полицијата на јапонската префектура Окинава. Петтемина се обвинети дека ги нарушиле законите за контрола на имиграција. Тие се дел од седумчлена група. Активистите пристигнале денеска со брод од Хонгконг. Групата е составена од националисти од Хонгконг и Макао кои членуваат во комитет за заштита на островите. Власт над островите има Јапонија.