1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ескалира спорот во Јужното кинеско море, САД на готовс

Џон Блау/ Симе Недевски13 мај 2012

Водите на Јужното кинеско море последниов месец се предмет на ескалирачки спор. Повеќе земји полагаат право на нив, а Кина изгледа поподготвена да демонстрира сила од кога и да е порано.

https://p.dw.com/p/14tsu
Фотографија: Reuters

Повеќенеделниот спор меѓу Кина и Филипините околу Јужното кинеско море достигна нов степен на ескалација со закани за економска одмазда, па дури и војна.

Кина и Филипините се меѓу шесте земји, заедно со Брунеи, Малезија, Тајван и Виетнам кои полагаат право на водите и острувските групи во Јужното кинеско море.

Станува збор за голема поморска сообраќајница, води богати со риба и што е можеби најважно, потенцијално богатство од минерални ресурси.

Од почетокот на април Кина и Филипините стационираа цивилни бродови кај атолот Скарборо. И двете земји полагаат право на малите острови во Јужното кинеско море, на околу 230 километри од Филипините и на повеќе од 1200 километри од Кина.

Karte Südchinesisches Meer Englisch
Фотографија: DW

Тензиите растат

Пекинг ги суспендираше туристичките патувања до Филипините и ги заостри инспекциите на овошјето што се увезува од оваа земја. Кина е најголем купувач на филипинските банани. Преку режимските медиуми Кина истотака предупреди и од воена интервенција доколку спорот натамошно ескалира.

Герхард Вил експерт за југоисточна Азија во Германскиот институт за меѓународни и безбедносни прашања во Берлин вели дека владата во Пекинг споменувала можна воена интервенција во домашните медиуми во последните недели но сега го искористила весникот на англиски јазик Чајна Дејли за да испрати порака до светот.

Улогата на САД?

Владата на Филипини веќе вложи дипломатски протести, и се пожали кај странските влади поради, како што рече, кинеската закана за слободата на морската пловидба.

Манила истотака предупреди дека е подготвена да ги поддржи своите тероторијални барања со воена опрема добиена од САД. Многу експерти веруваат дека секоја натамошна ескалација ва спорот би ги вовлекла и САД.

Südchinesisches Meer Philippinen Taiwan
Фотографија: AP

„Во Азија во моментов многу се говори за улогата на САД во овој спор“, вели Стефани Клајне Албранд, шеф на канцеларијата на Меѓународната кризна група во Пекинг. „Се разбира ако спорот продолжи САД ќе бидат вовлечени“, додава Клајне Албранд.

Таа вели дека во моментов не гледа знаци на де-ескалација. „Двете страни не покажуваат волја да попуштат“.

Експертот Вил се согласува. „Ситуацијата јасно ескалира и станува се потешка. Филипините имаат блиски односи со САД. И многумина таму сега сакаат поддршка од САД“, истакнува Герхард Вил.

Филипините во средата соопшти дека владата во Вашингтон се обврзала да ги заштитува од напади во Јужноот кинеско море. Двете земји неодамна изведоа заеднички воени вежби. Неделава американското министерство за одбрана најави 10-месечно стационирање на нова класа на воени бродови во Сингапур, чекор кој со сигурност нема да ја израдува Кина.