1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕСМ потвдри дека работниците биле задржани од вооружени лица

27 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BxAi

Електростопнство на Македонија ја потврди веста дека екипа нивни работници била задржана од вооружена униформирана група во близина на селото Шипковица. Откако групата од 20 вооружени лица ги задржал еден час, потоа биле пуштени.Никој од работниците не е повреден, но им се заканиле да не се враќаат во селото. Македонските медиуми, повикувајќи се на изјави на селаните, објавија дека во тој реон подолго време патролираат криминалци меѓу кои се и неодамна избеганите затвореници од косовскиот затвор Дубрава.