1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Естрада осуден на доживотен затвор

12 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/Bf43

Поранешниот филипински претседател Џозеф Естрада е осуден на доживотна казна затвор заради корупција. 70 годишниот Естрада е обвинет за проневера на 60 милиони државни пари. Тој го оцени процесот како политички мотивиран и го обвини актуелниот претседател Глориа Аројо за завера против него. За време на процесот пред судот во Манила протестираа стотици поддржувачи на поранешниот претседател.