1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Етапна победа на Епл

ЖА/дв/дпа/ртре25 август 2012

Концерните Епл и Самсунг меѓусебно се тужат за кршење на патентните права. Епл пред американски суд сега извојува важна победа против својот конкурент Самсунг кој треба да плати оштета од една милијарда долари.

https://p.dw.com/p/15waX
Фотографија: picture-alliance/dpa

Поротата во суд во градот Сан Хозе во американската сојузна држава Калифорнија одлучи дека јужнокорејската компанија Самсунг копирала иновативна технологија од Епл користена во Ајфон и Ајпед и мора да плати една милијарда долари отштета.

Епл со таа одлука успеа да победи во судски спор кој трае веќе една година. Се очекува поднесување жалба од страна на Самсунг. Претставник на компанијата изјави едка пресудата е на штета на американските потрошувачи. Таа ги спречува иновациите и го поттикнува енормното зголемување на цените.

Apple Samsung Designstreit
Фотографија: picture alliance/dpa

Изречената пресуда може да доведе до целосна забрана за продажба на производи на Самсунг и ќе засили доминација на Епл на се‘ поголемиот пазар за мобилни компјутери. Поротата одлучуваше три дена за пресудата за седум тужби за кршење на патентни права поднесени од Епл, и пет тужби поднесени од Самсунг.

Но, пресудата во САД е само дел од судската битка која ја водат двата концерни во повеќе земји. Во тек се постапки и пред судовите во Германија, Велика Британија и Австралија, вкупно 50 на број, со кои секоја од двете телекомуникациски фирми се обидува да заземе што подобра позиција на пазарот на смартфони и таблет компјутери, вреден околу 129 милијарди долари.

Пред најновата пресуда во САД, еден јужнокорејки суд двата концерни ги прогласи за виновни за кршење на патентни права. Тој му забрани на Самсунг продажба на десет производи, меѓу нив и смартфонот Галакси С 2. Епл пак, доби забрана за продажба на четири апарати, меѓу кои и Ајфон 4.