1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Етиопија-опасно место за туристите

19 јануари 2012

Во североисточна Етиопија пет Европејци беа убиени во напад, од нив најмалку двајца се Германци. Регионот на граничната линија со Еритреја се смета за високоризичен. Криминал или постојат политички мотиви?

https://p.dw.com/p/13lX0
Карта на регионот Афар на крајниот североисток на Етиопија

Министерството за надворешни работи предупреди да не се патува во тој регион. За напаѓачите може само да се шпекулира. Но, нападот потсети на претходните инциденти.

„Нападите на бандитите и локалните организации од подземјето, како и киднапирањата, не можат да се исклучат. При безусловно нужните патувања треба да се известат институциите во земјата и да се преземат соодветни мерки на претпазливост“, вака ги предупреди Министерството за надворешни работи туристите за патувањето во регионот Афар во крајниот североисток на Етиопија.

Wissenschaftler in Äthiopien
Научници во потрага по фосилни остатоциФотографија: Dikka Research Project

Геолошки уникатната депресија Данакил, во која живее номадскиот народ од Афар и е светски позната по своите пронајдоци на фосили, е едeн од најсиромашните региони во светот. Минатите години таму секогаш имаше грабежи.

Многу напади опасно спасување

Во 2007-ма четворица вработени во британската амбасада и една Французинка беа насилно грабнати и подоцна беа ослободени неповредени. Иако не се даваа детали за нападот, како и за подоцнежното ослободување на заложниците во Еритреја, се чини дека веројатно бунтовничка група од Афар беше одговорна за киднапирањето.

Во 2008-ма безбедносните сили по добиена информација можеа да спречат планиран напад на туристи. Оваа област е покриена со нагазни мини, што кај спасувачките акции носи ризик. Во 2009-та двјаца државјани на Етиопија загинаа, а еден странец беше повреден.

Afar-Region in Äthiopien
Минатите години во регионот Афар имаше пројни напади и киднапирањаФотографија: picture-alliance / africamediaonline

Според информациите од етиописката државна телевизија ЕТВ и Министерството за информации, групата од осум туристи, која очигледно била на пат кон спектакуларниот вулкан Ерта Але, била нападната во вторникот рано наутро во близина на границата со Еритреја од вооружени лица. Еден турист успеал да побегне, а двајца биле ранети и од етиопската војска биле пренесени во блиска болница.

Според последните информации, пет туристи се убиени, од кои двајца се Германци, еден Австриец и двајца Унгарци. Министерството за надворешни работи, коешто формираше кризен штаб, првично не ги потврди информациите за Германците. Етиопскиот министер за информации Берекет Симон зборуваше за двајца други Етиопјани кои биле киднапирани. Симон го обвини ривалот Еритреја за нападот.

„Терористички групи создадени и вооружени од еритрејската влада ја минале границата кон Етиопија и ги нападнале туристите. Потоа, напаѓачите заминале преку границата“, рече министерот за информации Симон.

Girma Asmerom
Гирма Армером, амбасадорот на Еритреја во Африканската унија го возврати нападот од ЕтиопијаФотографија: AP

Амбасадорот на Еритреја во Африканската унија Гирма Асмером одговори на обвинувањата дека „режим на работа на етиопската влада е да покажува со прст кон Еритреја“.

Пропаганда од двете страни

Пропагандната битка меѓу Адис Абеба и Асмара следи добро познат модел. Непријателските соседи рутински меѓусебно се обвинуваат за обиди за дестабилизација, откако од 1998-ма до 2000-та година се прошири кризата за границата. Двете земји дадоа засолниште за опозиционите групи од двете страни.

Големината на последниот инцидент има политичка заднина, но не е јасно дали киднапирањето е протест за политиката на Етиопија во регионот. Групите од Афар што се во егзил во Европа продолжуваат да се жалат за прекршувања на човековите права во регионот. На крајот од месецов во Адис Абеба треба да се одржи годишниот самит на африканските шефови на држави и влади со таква агенда.

Автор: Лудгер Шадомски / Александар Методијев

Редактор: Ж.Ацеска