1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ бара Малта да ги прифати мигрантите од товарниот брод

АТ/ миа/ дпа6 август 2013

Европската комисија апелира до Малта да дозволи танкер со 102 мигранти да влезе во нејзините територијални води и да ги истовари патниците. Поради рекордниот број бегалци Малта бара помош од ЕУ.

https://p.dw.com/p/19KnJ
Фотографија: picture alliance /Robert Harding

Комесарката за внатрешни работи на ЕУ Сесилија Малмстром упати барање до Малта итнo да ги прими 102-та мигранти. „Во моментов хуманитарна обврска на властите на Малта е да ги прими лицата на копно“, се вели во соопштението објавено денеска во Брисел.

Еврокомисијата имено оценува дека на прво место е грижата за безбедноста на патниците, меѓу кои има четири бремени жени, а на една жена и е потребна лекарска помош. Во соопштението на Малмстром уште се вели дека „Сега пред сѐ е важно да се спаси животот на прифатените лица“. Правниот статус би можел да биде разјаснет подоцна.

Flüchtlinge in Malta
Бегалци на МалтаФотографија: picture-alliance/dpa

Кратко откако стигна опомената од Брисел владата во Валета соопшти дека војската на Малта испратила лекари на товарниот брод и дека однела храна и вода за бегалците. Од медицинско гледиште не било неопходно, мигрантите да мора да бидат симнати од бродот, заклучиле лекарите на војската.

Танкерот регистриран во Либерија, се наоаѓа на 24 милји од брегот на Малта. Владата во Ла Валета вчера (05.08) со воени бродови не дозволи танкерот да влезе во територијалнитe води на Малта. Владата аргументира дека бегалците биле безбедни на товарниот брод и дека се наоѓаат во меѓународни води.

Речиси 1000 африкански бегалци само во месец јули пристигнаа на Малта. Овој рекорден број го принуди премиерот Јосеф Мускат да поднесе барање за итна помош од ЕУ за нивно згрижување.