1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ бара нов рецепт за еврообврзниците

22 ноември 2011

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо повторно е во офанзива на барање согласност за еврообврзници. Тој тврди дека Унијата е во актуелната состојба поради немање доволно дисциплина.

https://p.dw.com/p/13Ejd
Фотографија: Anja Kaiser - Fotolia.com/DW

Жозе Мануел Баросо повторно работи на своето чудотворно оружје, секогаш во нови варијанти. Сега презема нов обид да ги направи еврообврзниците „посварливи“, пред се‘ за германската влада.

За таа цел, Баросо нуди три различни модели на еврообврзници: класични, со ограничени гаранции и координација на државните обврзници.

При класичните еврообврзници сите евро-земји заеднички би гарантирале, кај обврзниците со ограничени гаранции европските партнери би преземале долгови до определен горен лимит, а во третиот случај, кај координацијата на државните обврзници, за заедничките обврзници би гарантирала секоја земја одделно, согласно нејзиниот удел.

Jose Manuel Barroso setzt in der Krise weiter auf Eurobonds Flash-Galerie
Жозе Мануел Баросо не се откажуваФотографија: dapd

Европските договори досега забрануваат заедничко преземање на долгови. Значи, за да се воведат еврообврзнци ќе биде потребна промена на законите, за што пак, е потребно време. Но, дали идејата и воопшто ќе се реализира е прашање. Пред се‘ германската влада е таа што категорично отфрла воведување еврообврзници, поради стравувањето дека одделни земји на тој начин ќе бидат ослободени од одговорноста да си ги доведат во ред буџетите. Сега Европската комисија има намера повторно да разговара за новите предлози со Германија и Франција. Тие ќе бидат дел од економско-политичкиот пакет мерки што Европската комисија сака да го донесе во текот на утрешниот ден (23.11). Претседателот на Европската комисија, Баросо, оцени дека „обврзниците за стабилност“, се неопходни, но неопходна е и посилна контрола на буџетската дисциплина на земјите членки. „Во ваква состојба сме зашто немаме доволно дисциплина“, изјави Баросо вчера, по разговорите со грчкиот премиер Лукас Пападимос во Брисел.

Автор: Инга Зиг/дпа/Е.М.Фиданоска

Редактор: Симе Недевски