1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ бара оставка од Асад

ЖА/дв/дпа/ртре/миа14 декември 2012

Кај шефовите на држави или влади на ЕУ на самитот во Брисел владее олеснување по заклучоците за борба против финансиската криза. На вториот ден на ред беа надворешнополитички теми.

https://p.dw.com/p/172Vs
Фотографија: Georges Gobet/AFP/Getty Images

ЕУ е длабоко загрижена поради растечки влошената состојба во Сирија и можната употреба на хемиско оружје во земјата во која беснее граѓанска војна. Шефовите на држави или влади затоа уште еднаш побараа оставка од сирискиот претседател Башар ал-Асад. Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека иднината на земјата со оглед на крвопролевањето е можна само без Асад. По неговото заминување во Сирија повторно треба да бидат важечки човековите права. Според Меркел, не се разговарало за измени на ембаргото за оружје за Сирија. Шефот на Советот на ЕУ, Херман ван Ромпој (на фотографијата горе) изјави дека министрите за надворешни работи се ополномоштени да ги проверат „сите опции за поддршка на опозицијата во Сирија“.

Европската унија треба да помогне за забрзување на симнувањето од власт на Башар ал Асад, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд пред средбата во Брисел со лидерите на земјите од ЕУ.

„За жал, таму се води војна. Таа е насочена против Башар ал -Асад. Сега треба да се посветиме на целта да го принудиме да си замине што е можно побрзо“, изјави Оланд пред новинарите во белгискиот главен град.

Сириската опозициска коалиција е призната од поголемиот број држави за законски претставник на сирискиот народ, истакна тој.

На почетокот на неделата над 120 земји и меѓународни организации официјално ја признаа коалицијата на состанокот на групата „Пријатели на сирискиот народ“ во Маракеш, Мароко.