1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ бара отворање на границите во Појасот Газа

18 јули 2010

Шефот на европската дипломатија Кетрин Ештон, пристигнува во Појасот Газа. На агендата на турнејата на Блискиот исток стојат и средби со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и претседателот на Палестинците Махмуд Абас.

https://p.dw.com/p/OOG6
Кетрин ЕштонФотографија: AP

Претставникот на ЕУ за надворешна политика, Кетрин Ештон бара отворање на граничните премини на Појасот Газа во „двете насоки“. „Граничните премини мора да бидат отворени како за населението, така и за стоките за широка потрошувачка во двете насоки“, изјави Ештон по средбата со премиерот на Палестинците Салам Фајад, вчера во Рамала. Ештон беше јасна: „Луѓето во Појасот Газа мора да можат да водат нормален живот.“ Таа најави подготвеност на Европејците да им пружат поддршка на Палестинците за развој на граничниот собраќај, „под услов ЕУ да има јасно дефинирана улога и се разбира, во соработка со палестинските автономни власти“. Фајад, од своја страна, побара укинување на блокадата на Појасот Газа и рече дека стопанството во тој дел не може да преживее само од увоз, туку мора и да извезува.

Преминот на границата за лица и натаму е затворен

Откако на крајот на мај, при нападот на израелските безбендосни сили врз бродот со хуманитарна помош наменета за Појасот Газа, загинаа деветмина Турци, Израел беше приморан под притисок на меѓународната заедница да спроведе олабавување на блокадата за Појасот Газа. Во меѓувреме, во Газа може да влегуваат градежни материјали за официјално одобрени меѓународни проекти, но извозот и преминот на границата од страна на лица, е и натаму речиси невозможен.

Rachel Corrie mit Israelischer Flagge
Бродот за Појасот Газа кој беше нападнат од израелските силиФотографија: AP
Grenze Gaza Streifen zu Ägypten
Границата на Појасот Газа кон ЕгипетФотографија: AP

Вчера, претседателот на Палестинците Махмуд Абас за јорданскиот весник „Ал Гад“ изјави дека за мир во регионот е потребно враќање на границите од 1967 година, а за безбедноста би требало да се грижат меѓународни сили. За разлика од порано, Абас не го спомена запирањето на градењето еврејски доселенички населби како предуслов за почеток на мировни преговори. Израел инсистира на почеток на преговори, без какви било предуслови. САД и Израел вршат притисок врз Палестинците за директни мировни преговори. Во моментов, меѓу двете страни посредува американскиот пратеник Џорџ Мичел, но рокот за ваквите индиректни преговори истекува во септември.

Вестервеле го критикуваше израелскиот план

Außenminister Guido Westerwelle und sein französischer Amtskollege Bernard Kouchner besuchen ein Wohnviertel in Osch
Министерот Вестервеле во централна АзијаФотографија: picture-alliance/dpa

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле, вчера на маргините на средбата на шефови на дипломатии на земјите членки на ОБСЕ во Казахстан, имаше средба со израелскиот министер Авигдор Либерман. Шефот на германската дипломатија, притоа, го критикуваше израелскиот план да го направи Појасот Газа целосно автономен: „Не сакаме со тоа да биде загрозена идејата за палестинска држава, не сакаме создавање различни творби кои ќе бидат на некој начин сепарирани, одделени, а политички можеби и поставени едни наспроти други. Тоа, според нас, не води кон целта - траен мир на Блискиот исток.“

Автор: ЕМФ/ АТ/ афп/ дпа/ апн/ дв

Редактор: Александра Трајковска