1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ блиску до договор за фискална унија

13 јануари 2012

ЕУ бележи напредок во преговорите за нов договор за буџетот, кој земјите членки ќе ги обврзува на поголема буџетска дисциплина и ќе придонесе за стабилизација на еврото.

https://p.dw.com/p/13ixG
Фотографија: picture-alliance/dpa

Европските земји постигнаа принципелна согласност за новиот фискален пакт, кој би требало да ја засили буџетската дисциплина во рамките на еврозоната преку воведување златно правило за воспоставување рамнотежа на националните буџети, соопштија извори во седиштето на ЕУ.

Конечниот договор е блиску, се вели од извори од Брисел.

Спорно е се‘уште на пример дали т.н. кочница за нови задолжувања да биде вградена во националните устави или да биде регулирана преку закон.

Компромисниот текст на предлог-спогодбата за фискалната унија ќе биде разгледан на средбата на министрите за финансии на земјите-членки на ЕУ закажана за 23-ти јануари.

Доколку биде постигната согласност, договорот може да биде усвоен најрано на самитот на 29-ти јануари, а официјално потпишан во март.

Во рамките на ЕУ од крајот на минатиот месец се водат преговори на експерско ниво околу текстот на договорот за фискалниот пакт. На преговорите учествуваат и претставници на Велика Британија, иако Лондон на декемврискиот самит на ЕУ одби да стави потпис на планот за фискалната унија.

Автор: ЖА/ AT/ дв/ миа

Редактор: Б. Георгиевски