1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ во обид да се „испеглаат“ разликите за Сирија

ЖА/дв/дпа/афп7 септември 2013

По неуспехот на Г20 да се постигне договор во врска со сирискиот конфликт, министрите за надворешни работи од земјите на ЕУ денеска се обидуваат да најдат заеднички став. Разговорите во Вилнус нема да бидат лесни.

https://p.dw.com/p/19dQd
Фотографија: picture-alliance/dpa

Конференцијата во литванскиот главен град Вилнус започна со неформална средба на Европејците со нивниот американски колега Џон Кери (на насловната фотографија заедно со висоиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Кетрин Ештон). САД и Франција се подготвени на употребата на хемиско оружјево Сирија да реагираат со воен напад. Мнозинството од членките на Унијата не се согласува со ваков чекор. ЕУ и САД се единствени само во тврдењето дека сирискиот режим употребил хемиско оружје при напдот од 21. авгутс. Според дипломатски извори, Европејците сакаат да го замолат Кери пред конечната одлука за воена интервенција да се сочека извештајот на инспекторите на ОН кои во Сирија ги испитуваа обвинувањата за употреба на отровен гас.

На самитот на Г20 во Санкт Петербург претходно јасна беше длабоката поделеност меѓу учесниците околу сирискиот проблем.

„Секој од нас остана на своето мислење“, резимираше рускиот претседател Владимир Путин на крајот. Путин изричито ги предупреди САД да не го прекршуваат меѓународното право, во што ја доби поддршката и од кинескиот претседател и партиски шеф, Кси Џинпинг.

G20 Sankt Petersburg 06.09.2013 Obama und Putin
Владимир Путин и Барак Обама на Г20: секој со својот ставФотографија: Reuters

Германија исчекува

Јазот меѓу членките на Г20 е видлив и во завршната декларација. Во неа се бара „силен меѓународен одговор“ на употребата на отровен гас, испраќање јасна порака со цел ваков вид на свирепост да не се повтори.

Документот го потпишаа САД, Велика Британија, Франција, Италија, Турција и Јапонија. Германија беше единствената европска земја присутна во Санк Петербург, што не ја потпиша изјавата. Германската влада својата воздржаност ја оправда со претстојните разговори на тема Сирија во Вилнус.Германската влада претпочита претходно да биде постигнат заеднички европски став, изјави владиниот портпарол. Германската канцеларка Ангела Меркел, во договор со Херман ван Ромпој, затоа избегна претходно изјаснување.

САД се изолирани

Меркел во Санкт Петербург инсистираше „во игра“ да останат ОН и во Женева да биде организирана конференција за Сирија. Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестревле, заедно со неа, иницираше ново вклучување во конфликтот на Меѓународниот кривичен суд.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ги предупреди Американците да не вршат воен напад и да се даде шанса за постогнување политичко решение. САД, меѓутоа, не кријат -нема да се мачат околу добивање мандат од ОН. Американскиот претседател Барак Обама за во вторник најави обраќање до нацијата. Иако му е јасна желбата на мнозинството на членките на Г20 да постои „амин“ на ОН, „има време кога мора да се носат тешки одлуки“. Обама призна - нема да биде лесно да се добие зелено светло од Конгресот.

Подготовки во Сирија

Хуманитарните организации на ОН во Сирија, според изјавата на координаторот за итна помош, Валери Амос во Бејрут, се подготвуваат за воен напад. Веќе постојат планови за работа во вонредни услови и за случај на влошување на ситуацијата поради воена интервенција, при што сигурно ќе скокне бројот на бегалци. Американската влада издаде предупредување до своите државјани да не патуваат во Либан и во јужна Турција. Американската амбасада во Либан е евакуирана.