1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ-Германија нови избори

25 мај 2005

Коментар на Хелга Шмит

https://p.dw.com/p/AcFH

Сега во Германија се прават обиди да се сондираат последиците од покраинските избори во Северна Рајна Вестфалија: промена на владата во оваа покраина по 39 години владеење на СПД, можни нови избори на сојузно ниво наесен и два партиски табора кои се обидуват да претстават единство. Меѓутоа, изборите во оваа покраина предизвика бранови се до Берлин, а во меѓувреме стигнаа и до Брисел.

Додуша во главниот град на Европа, Брисел се навикнати во земјите членки нечија премиерска столица да се ниша. Прашањата за доверба не се реткост и каде и да е меѓу Даблин и Атина постојано се избира, често и надвор од редот. Ново е нешто сосема друго: не е вообичаено вакви шокови да доаѓаат од Германија. Сликата што мнозинството Европејци ја имаат за Сојузната република е дека станува збор за цврстина: најголемиот нето-плаќач, најголемата економија, додуша заслабена, но се уште богата и мотор на европската интеграција. Паѓањето на црвено-зеелните во Северна Рајна Вестфалија, жестокиот удар со нови избори на сојузно ниво, сето тоа ги излади бриселските кругови во ЕУ, зашто турбуленциите во најголемата земја членка доаѓаат во исклучиетлно неповолно време. ЕУ е во длабока криза, гори на повеќе места, па уште недостигаа нестабилни односи во Германија.

Првиот европски устав в недела би можел да пропадне на референдумот во Франција. Но и во повеќе други ЕУ земји во кои граѓаните ќе решаваат за него не се гледа сигурно мнозинство. Од многу места се најавува генерален прекин со европската политика, евроскептиците се чувствуваат полетно.

Второто кризно поле се спорните финасии за Унијата,а токму тука сојузната влада, како најголем нето плаќач, игра клучна улога. Со месеци се води огорчена битка за поделба на следниот буџет тежок милијарди. Фронтовите се цврсти, а листите со желби на земјите – примачи од европскиот Југ и на новите членки од Исток - долги. Притоа, бриселската комисија од владата во Берлин очекуваше да попушти. На крајот, се надеваа, Германците ќе мораат да направат великодушен компромис.

По изборната ноќ од неделата, надежите се распрскаа. Еден германски сојузен канцелар кој во изборната битка мора да влезе со огромна планина долгови и високи бројки невработени, едвај може нешто да и подари на Европската унија. Отрезнувачки се констатира во Брисел дека можната канцеларка Ангела Меркел уште помалку ќе може да биде великодушна на товар на германските даночни обврзници. Ако неа и на ЦДУ и ЦСУ им успее промената на власта – и за ова сега во Брисел се свесни – тогаш дури и тешкото турско прашање ќе биде одново на тапет. Зашто ЦДУ и ЦСУ не оставија никаков сомнеж дека муслиманската земја не можат да ја видат како полноправна челнка на ЕУ. Она што од бриселски агол се чинише сигурно, допрва може да биде ставено во движење.

ЕУ веќе имаше криза на проширувањето, финансиката криза е во целосен погон, а сега криза и кај големата, некогаш мирна земја членка. За Европската унија доаѓаат тешки времиња.

Хелга Шмит