1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нафтено ембарго кон Иран

5 јануари 2012

Во спорот околи иранската атомска програма, Европската унија има намера да изврши притисок врз раководството во Техеран со нафтено ембарго. Шефот на турската дипломатија пак, ја продолжува посетата на Техеран.

https://p.dw.com/p/13ea0
---

Земјите-членки на ЕУ во основа се согласија за забрана за увоз на иранска нафта. Спорни се само уште некои детали, како почетокот на ембаргото. За тоа денеска ќе расправаат претставниците на земјите-членки на ЕУ.

Цените на нафтата веднаш скокнаа по објавувањето на веста за договорот. Дел од членките на ЕУ, особено Грција, имале приговори на договорот, но тие биле отфрлени.

Европската забрана за иранска нафта е дел од заедничкиот притисок на Запад со намера Техеран да се принуди да се откаже од својата нуклеарна програма. САД во пресрет на Новата година воведоа санкции со кои на финансиските институции има се забранува да работат со Иран.

Давутоглу предупреди од студена војна на Блискиот Исток

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу пак, денеска ја продолжува дводневната посета на Иран, каде со претставниците на иранските власти разговара за меѓународни прашања, меѓу кои за ситуацијата во Сирија и за нуклеарниот спор меѓу Техеран и западните земји.

Тој спроти посетата предупреди од опасноста од секташка студена војна на Блискиот Исток и соопшти дека зголемените тензии меѓу сунитите и шиитите би биле „самоубиство за целиот регион“. Турција, која се граничи со Иран, Ирак и Сирија, се обидува да игра улога на арбитер во борбата за надмоќ меѓу шиитски Иран и сунитска Саудиска Арабија, кои се главни ривали во регионот.

Давутоглу денеска треба да се сретне со иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад.

Автор: СН/ ЕМФ/ ртр/ афп/ миа

Редактор: Александра Трајковска