1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ загрижена по најавите на Иран

11 април 2007
https://p.dw.com/p/AgFH

ЕУ е загрижена поради иранските планови за развивање на нивнта атомска програма, соопшти германското претседателство со Унијата. Државниот секретар во германското министерството за надворешни Гернот Ерлер изјави:

“На Иран мора да му биде јасно дека ова е пат кон изолација, а цената ќе треба да ја плати нивното население. А меѓународната заедница, па и тесните партнери на Иран ќе бидат се поединствени во својот став по ова прашање“.

Иран наместо да ја прекине програмата за збогативање ураниум како што се бара од него, најави инсталирање и до 50 000 центрифуги во атомската постројка Натан.