1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ им објавува војна на затајувачите на данок

Кристоф Хазелбах/ Александра Трајковска23 мај 2013

Шефовите на држави или влади на Европската унија на вонреден самит во Брисел постигнаа согласност за воведување мерки против даночните затајувања и избегнувањето данок.

https://p.dw.com/p/18cQu
Фотографија: picture alliance / dpa

ЕУ најави борба против даночните измами. Дали станува збор за мултинационални концерни или приватни лица, ЕУ сака да постигне, секој да го даде својот финансиски придонес. Економската криза во Европа придонесе за тоа оваа тема да се најде високо на дневниот ред.

Претседателот на ЕУ парламентот Мартин Шулц, кој учествуваше на самитот, преку еден пример појаснува колкава е политичката релевантност на оваа тема: „Како да се објасни во една земја како Грција, каде од луѓето се бараат драматични жртви, како да му се објасни некому во Германија, кој со даноци мора да придонесува за пакетите за помош на Грција, дека истовремено грчките даночни бегалци трансферирале милијарди на швајцарските сметки?“ 

Се'уште постои банкарската тајна

Сега темата стигна на дневен ред на самит на ЕУ. Од него како резултат произлезе намерата да се воведе автоматска размена на даночни податоци во ЕУ и по можност и со трети држави како Швајцарија. Германската канцеларка Ангела Меркел оцени дека станува збор за „огромен чекор напред“. Меѓутоа размената на податоци не е перфектна. Луксембург и Австрија досега имаа банкарска тајна и сепак анонимно спроведуваат податоци за данок на земјите од каде потекнуваат странските вложувачи.

Францускиот претседател Франсоа Оланд смета дека не може да се дозволи „во рамките на ЕУ, само поради даночни причини да се префрлуваат пари во одредени земји“.

Овој фронт на кочничари се чини во меѓувреме е скршен. Австрискиот канцелар Вернер Фајман во Брисел рече: „Мислам дека до крајот на годината ќе ја постигнеме оваа размена на податоци“. Исто така и премиерот на Луксембург Жан Клод Јункер вети: „Ќе ја укинеме банкарската тајна и ќе се заложиме за автоматска размена на податоци, која сакаме да ја воведеме во јануари 2015 година“. Размената на податоци за други видови приходи според него би требало да зависи од тоа како ќе течат преговорите со другите европски трети држави како Швајцарија и Лихтенштајн. Овие други приходи, всушност се поважните и засега е неизвесно како ќе се однесува Велика Британија.

EU-Sondergipfel Bundeskanzler Werner Faymann
Австрискиот канцелар Вернер ФајманФотографија: picture alliance / dpa

Кај конкурентноста завршува пријателството

Исто толку важно како избегнувањето даноци на приватни лица за шефовите на држави или на влади на ЕУ е и најчесто легалното избегнување на даноци на големите меѓународни концерни како „Гугл,“ „Ејпл“ или „Амазон“. Некои претпријатија успеваат преку умешна поделба на нивните активности во различни држави да плаќаат минимални даноци. Британскиот премиер Дејвид Камерон од една страна се заложи за ниски даноци за претпријатијата: „Но, мора да се погрижиме и за тоа, претпријатијата навистина да ги плаќаат овие даноци“.

На удар на критиката е особено ирскиот премиер Енда Кени, и тоа вон Европа: Американски политичари ја обвинуваат фирмата „Ејпл“ дека преку нејзината фирма ќерка во Ирска  избегнува данок во САД. Кени во Брисел ирскиот данок на добивка на корпорациите го оценки како „многу јасен и транспарентен“. Тоа меѓутоа не го менува фактот дека некои од европските колеги ја обвинуваат Ирска дека ја руинира конкурентноста. Кени и натаму опстојува на ниски даноци за претпријатија како дел од политиката за конкурентност. Даночната политика имено во ЕУ останува во надлежност на поединечните држави. Кога станува збор за овие прашања, тогаш заедништвото е втор план. Во тоа ништо не смени ниту мини-самитот во Брисел.