1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ испраќа воени инструктори во Мали

ЖА/дв/дпа/афп/ртре17 јануари 2013

Министрите за надворешни работи на ЕУ договорија испраќање воена мисија за обука во Мали. Франција во меѓувреме се подготвува на долга воена интервенција против исламистите во западноафриканската земја.

https://p.dw.com/p/17Lo7
Фотографија: ISSOUF SANOGO/AFP/Getty Images

Мисијата за поддршка на војниците на Мали во нивната борба против исламистите во северниот дел од земјата, формално одобрена на состанокот во Брисел, засега е ограничена на 15 месеци. Воената инструкторска мисија ќе опфаќа околу 450 лица.

Околу 250 инструктори треба да вршат обука на војниците на Мали, поддржани од околу 200 војници од ЕУ, кои ќе се грижат за безбедноста и логистиката. Подоцна војниците на Мали заедно со војниците од другите африкански држави треба да бидат во состојба сами да се справуваат со екстремистичките исламисти. Борбена мисија на ЕУ во Мали не  епланирана. Но, Европејците планираат финансиски да поддржат ударна единица на африканските држави.

Заедничките трошоци за воените инструктори на ЕУ се проценуваат на околу 12,3 милиони евра, надвор од тоа се трошоците за земјите кои испраќаат војници и опрема и оружје. Освен Франција досега Германија, Белгија, Италија, Шпанија, Шведска, Естонија и Словенија соопштија подготвеност за учество.

Од влегувањето на француските копнени трупи, конфликтот во Мали драматично се заостри.