1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ и натаму полага на договор со Украина

АТ/ дпа28 ноември 2013

И покрај стопирањето на процесот на приближување на Украина кон ЕУ самитот за источно партнерство во екс-советската Република Литванија се смета за историски. Русија не присуствува, но игра речиси главна улога.

https://p.dw.com/p/1AQ9W

ЕУ останува на курсот за приближување кон поранешната советска Република Украина, и покра актуелниот став и сопирањето на процесот на приближување, потрди ЕУ комесарот за проширување и политика за меѓусоседски односи Штефан Филе денеска (28.11) во Вилнус, непосредно пред почетокот на ЕУ самитот за источно партнерство. „Ние цврсто стоиме на нашите намери, да ги подигнеме на ново ниво односите меѓу Европската унија и Украина“.

ЕУ била подготвена одново да го подготви потпишувањето на Договорот за асоцијација, доколку Киев повторно тргне во правец на приближување, дополни Филе. Украина го замрзна пактот со ЕУ, откако Русија ѝ се закани со трговски ограничувања.

Украинскиот претседател Виктор Јанукович уште пред почетокот на средбата треба да се сретне со европското раководство. Планирана е средба со шефот на ЕУ самитот Херман ван Ромпој и претседателот на Комисијата на ЕУ Жозе Мануел Барозо. Исто така и германската канцеларка Ангела Меркел се очекува да допатува во балтичката земја. Тоа ќе биде нејзина прва посета во странство по потпишувањето на коалицискиот договор со социјалдемократите.

Претседателот на ЕУ парламентот Мартин Шулц делумно јабранеше Украина критикувајќи дека во ЕУ не поостоело доволно подговотвеност за помош. „Мислем дека ја потценивме драматиката на внатрешно-политичката ситуација во Украина“, изјави германскиот социјалдемократ за „Дојчландрадио“.

Ukraine - Studentenproteste in Kiew
Во Укрина продолжуваат протеститеФотографија: DW/L. Grishko

Украина според Шулц, економски и пред сѐ финансиски се наоѓала во најдлабоката криза по самостојноста.

Украинскиот вицепремиер Сергеј Арбусов нагласи дека неговата земја не се одвратила од ЕУ. „Европа ѝ е потребна на Украина“. Арбусов меѓутоа се пожали дека Брисел при преговорите за Договорот не понудил обештетување за загубите, кои би настанале за Украина кога би отпаднале предностите на рускиот пазар.

Во Вилнус отпатуваа и голем број украински опозициони политичари, меѓу нив и светскиот првак во бокс Витали Кличко, со цел да извршат притисок за ЕУ курсот на нивната земја.

Во центарот на Киев пак повторно на плоштадот на незавнисноста протестираа стотици Украинци кои го поддржуиваа прозападниот курс.