1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ и НАТО се без алтернатива за Балканот

Нада Штајнман3 мај 2008

Во Охрид заврши 15-от самит на претседателите на централноевропските земји. Учесниците се согласиле -Македонија ги исполнува условите за прием во НАТО, ниедна земја личните не смее да ги стави над колективните интереси

https://p.dw.com/p/DsxX
Од самитот во ОхридФотографија: Petr Stojanovski

Задоволството од резултатите е општо. На 2 и 3 мај во Охрид се бараа и донекаде се најдоа одговори на предизвиците на 21-от век.

Само заеднички може да се оди во иднина. Какви клучни пораки се испраќаат од Охрид, соопшти претседателот Бранко Црвенковски, кој истакна дека станува збор за значаен чекор напред кон финализирањето на проектот обединета Европа, демократска, стабилна и безбедна, без нови линии на поделба.

Сите биле согласни дека нема алтернатива за НАТО и ЕУ, согласни за тоа дека Македонија ги исполнува критериумите за влез во НАТО, додека националните интереси не треба да бидат над заедничките, рече домаќинот Црвенковски. И покрај придобивките, државите од западен Балкан не изградија целосна стабилност, за Косово постојат различни ставови, но важна е регионалната стабилност, беше истакнувано постојано во Охрид.

Големо значење на економијата

Во овој глобален свет, важни се економскиот развој, висококвалитетните транспортни мрежи, беше речено на прес конференцијата. Ново време бара нови економски капацитети, просперитетот треба да нуди можности за сите подеднакво.

Претседателот на Србија Борис Тадиќ ќе биде домаќин на следниот самит догодина. Тој се радува зашто вакви собири имаат голема важност, истакна Тадиќ. Србија во наредните четири години ќе изгради автопати за што според него мрежата на патиштата е најважна за интеграција на регионот. Регионот мора да најде обновливи енергии, зашто владее недостиг, треба да се обезбеди еколошки транспорт на нафта и гас и да се прилагоди на новите предизвици.

Проблемот со името на Македонија треба да се реши со фер и демократски компромис, изјави македонскиот претседател Бранко Црвенковски, а Тадиќ го задржа својот став за Косово- не се признава независноста и решение треба да се бара на ниво на ОН.

Германскиот претседател Хорст Келер изнесе став дека енергетскиот пазар мора да се интегрира заради справување со енергетските предизвици, додавајќи дека не станува збор за тоа дали Германија ќе соработува со Русија во енергетска смисла, туку каква ќе биде таа соработка.